ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ААМ
17.10.2016 • Информации
АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека мандатот на актуелното раководство на ААМ заврши.
Годишното изборно Собрание на ААМ ќе се одржи
на 17.10.2016 г. (понеделник) со почеток во 15:00 h
во конференциската сала на ЈП државни патишта
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Формирање на собраниски работни тела:
• Определување записничар и двајца оверувачи
• Верификациона комисија од 3 члена
• Изборна комисија со 3 члена
2. Извештај за работата на УО на ААМ во мандатниот период и финансиски извештај
3. Претставување и обраќање на кандидат за нов Претседател
4. Спроведување на избор на Претседател и предложениот УО на ААМ
Во прилог по e-mail Ви доставуваме материјал кој е составен дел на изборното Собрание:
• Извештај на УО на ААМ за период 2013 – 2016
• CV на кандидатот за Претседател на УО на ААМ
• Предлог програма за работа доставена од кандидатот
• Предлог на шест (6) членови на УО
Напоменуваме дека според Статутот на ААМ право да гласаат за избор на нов УО и Претседател на ААМ имаат само членовите кои ја подмириле чланарината за 2016 година.
Сите заинтерсирани дополнителни информации можат да добијат во канцеларијата на ААМ
или на тел.: 02 323 72 77; 076 350 336,
тех. секретар Оливера Блажевска,
секој работен ден од 9:00-13:00 h.
Претседател на УО на ААМ,
Сања Раѓеновиќ Јовановиќ
Автор на статија: Filip Koneski