Гоце Аџи-Митревски / Цртежи

Куратор: Јован Ивановски, Владимир Десков

Отворање на изложбата: среда, 24 Декември 12:00 часот

Времетраење на изложбата: 24 декември –

Локација:  Архитектноски факултет, бул. „Партизански одреди“ бр. 24 1000 Скопје, Македонија

Материјалот го приложи и обработи: Мартин Ефремовски

2

Промоцијата на изданието и отварањето на изложбата ,,Гоце Аџи-Митревски / Цртежи” се одржа на 24ти декември во Архитектонскиот факултет во Скопје. Книгата ,,Цртежи” претставува само еден мал фрагмент од целокупното творештво на професорот Гоце Аџи-Митревски кој не воведува во неговата личност и дело.

Идејата за ова издание и негова реализација е на Професорите Јован Ивановски, Димитрије Голубовски, Доминика Бошкова и Владимир Десков.

Презентацијата започна во полниот Амфитеатар на Архитектноскиот факултет со кратко обраќање на уредниците и семејството на Професорот Гоце Аџи-Митревски, кои од различни аспекти ја потенцираа важноста на ова издание како тестамент за делото на авторот но и како образовна и педагошка лектира за значењето на бележникот и архитектурата.

3

,,Изборот на неговите цртежи не е само извадок од неговата богата ризница на архитектонските записи на просторот и времето, ниту е само издание чија цел е да ја покаже неговата вештина да ја овладее линијата.Книгата ,,Цртежи”, пред сè представува прирачник во учењето на архитектурата”

Како што објаснува Проф. Ивановски, намената на изданието е првенствено на студентите, нејзината основна цел е повторно да не потсети на важноста на рачното цртање и неговата суштина во процесот на архитектонското проектирање.

4_Panorama1

,,Ова го гледаме како подарок од школата за школата. Го стимулира постојаното внесување на нови и нови записи. Подарок од колегите и семејството Аџи-Митревски и негувањето на врската со неговиот втор дом архитектонскиот факултет Скопје” додаде Проф Бошковска.

Издането е надополнето со три есеи, дела на Професорите Јован Ивановски, Димитрие Голубовски и Доминика Бошковска, кои безусловно ја надополнуваат воглавно графичката публикација. Текстот е поставен во втор план како подршка на цртежите и доминантната белина која нè води како огледало низ блокчињата за скицирање на авторот. Во изложбата текстот е изоставен како што ќе додаде Професорот Ивановски ,, тој е помалку важен од цртежите”.

4

Самиот избор на цртежите ја доловува суштината на врската помеѓу архитектот и бележникот. Преку приложените дела го согледуваме она што авторот сакал да го забележи но и она понатака невидливото ,,она кое ние треба да го замислиме” како што изјави Професорот Бакалчев во неговото обраќање. Цртежите се дел од анализи и прашања со кои авторот е во диалог, бележење на одредени елементи и секвенци од неговите патувања како и преставување на разни архитектноски дела и асамбли и нивиот однос со контекстот во кој се наоѓаат.

,,Цртежот е безрезервно нужен за архитектурата. Преку самиот цртеж може и да го препознаеме архитектот, а Професорот Гоце Аџи-Митревски преставуваше еден од најголемите застапници на слобонорачниот цртеж. Неговите цртежи имаа поголема цел од самата нивна престава. Во нив е вткаена е мислата на авторот и неговиот начин на гледање на светот. Тие се диалог или монолог. ” додаде Професорот Бакалчев.

5

Крајно книгата преставува одлично резиме на одбрани дела од повеќедеценскиот опус на Професорот Гоце Аџи-Митревски, нудејќи им на архитектонските: сегашни идни и поранешни студенти една збирка и прирачник за гледањето читањето и бележењето на архитектурата и светот околу нас.

,,Како и најпознатата анегдота од Професорот Гоце Аџи-Митревски ,,Брзо, ефикасно и безмислено”, неговите цртежи се како укредени моменти кои му даваат смисла на овој свет. Овој настан е како продожување на тие мигови, мигови од делото на Професор Гоце Аџи-Митревски ” заклучи Професорот Бакалчев.

109

Автор на статија: