„Грешки во чекори“ – новите автобуски постојки на ЈСП

Изминативе години, Јавното сообраќајно претпријатие започна со заменување на старите автобуски постојки низ Скопје.  Интервенцијата е за поздрав бидејќи градот поседуваше недоволен број  автобуски постојки или поседуваше остатоци од нив.

6

Како нова содржина се појавија електронските табли кои се засебна урбана опрема, но новите автобуски постојки не понудиja  повеќе од оние кои беа поставени пред повеќе од 10 години – дизајнерското обликување е  поедноставена „линија“ на старото решение, додека  содржината е недоволна за современите текови.

Ass nastresnica MONTAZA. 3

@build.mk

Скопје пропушта можност за навистина сублимирано и репрезентативно решение за постојките бар во централниот дел на градот, кои требаше да апсорбираат повеќе технолошки можности на современите потреби. Освен заштитата од временските непогоди, која е основна и најпримарна функција, клупата за седење и корпата за отпадок, не можеме да забележиме дипслеј – маркетинг, дополнителни информации за градот и околината, детален распоредник за повеќе линии, машина за билети, мапи, илуминација, податоци и броеви за контакт, поплаки и информации на ЈСП, туристички информации и податоци на англиски јазик итн.

1

Со дизајнот на постојките и не вклучувањето на овие сегменти доведе до типични проблеми со нивното додавање. Се случува  ситуација на неединство на елементите кои треба да функционираат лесно за корисниците, како резултат на не планирање и правилна стратегија на развој.

Во нашата ситуација можеме да забележиме дека :

-електронската табла која е независен објект од урбаната опрема е визуелно изолиран од оние кои чекаат во случај на временски неприлики;

4%d0%b0

-истата е поставена во правец на движење наместо на пресретнување на автобусите кои пристигнуваат;

-клупата која служи за одмор е изработена во метал, што значи во екстремните летни температури е вжештена, додека во зимските ладна;

-мапата е со недоволно податоци, несоодветно заштитена, негде не постои или е веќе оштетена;

итн.

Атобуските постојки покрај за они кои чекаат, треба да понудат информации и за оние кои пристигнуваат или поминуваат.  Тоа значи дека патникот треба да е способен да го забележи името на постојката без никаков проблем од било која позиција од автобусот.

?

?

Со издавањето на маркетиншкиот простор апсолутно не остана површина која не е покриена од објектот со што самиот веќе е преоптоварен,  видливоста на испишаното име на постојката е блокирано, не останува простор за надополна на содржини.

Ваквиот начин на делување е резултат на несоодветно планирање и развоен план кога елементите се поставуваат во интервали. Истиот принцип градот го применува и при асфалтирањето на улиците, кои често откако е поставен новиот асфалт се раскопуваат за нови иснталации а потоа не се соодветно реконструирани. Едноставно се работи за грешка во чекори.

Забележливо е раздвижувањето кон подобро кога би компарирале со она што го имавме до скоро, меѓутоа реализирањето е задоцнето и сиромашно во време кога Скопје за јавен транспорт  го има автобусот како единствена понуда.

Светлина во овие процеси е неодамнешниот повик за дизајн на паметна автобуска постојка за централната скопска станица „Рекорд“, чие победничко решение го очекуваме за објава.

Ф.К