Дебата за културното наследство во услови на земјотреси
11.07.2017 • Информации Став
На TV 21, пред неколку дена, во рамките на емисијата „Клик плус“ се водеше дебата насловена како „Охрид- меѓу потресите и заштитата на културното наследство“. На истата земаа збор проф. Михаил Гаревски, директор на ИЗИС, г-ѓа Маја Морачанин, член на неформалната пратеничка група за заштита на Охрид, и г-ѓа Донка Барџиева Трајковска од Центарот за културно наследство.
Оваа дебата отвори вистинска тема за која недоволно размислуваме и делуваме, но и посочи на отворениот спор меѓу струките и нивната координација. Градежно – конструктивната струка во спор со архитектите, они пак со таканаречените „заштитари“, т.е конзерватори и така во круг.
Линкот кој недостасува во струките, започнува уште во образованието и за истиот сме говореле и претходно. Итноста на стручни дебати на тема соодветна заштита на културното наследство е и повеќе од потребна, особено во време на сеизмичка активност која е сериозна закана за негово делумно или целосно оштетување.
Погледнете ја дебатата во продолжение >>>