Ентериер ВИ / PROXY

Студио: PROXY

Автор: Никола Кунгуловски

Година: 2016

Контакт / страна : www.weareproxy.com

Овој современ стан се наоѓа во центарот на Скопје и е со вкупна површина од 116 m2 вклучуваjќи ја и терасата. Тој се состои од дневна и ноќна зона.

Model

Дневната зона се состои од дневен престој и кујна, кои се навидум заеднички но меѓусебно одделени со библиотека која формира кружно и слободно движење во просторот.

1

Пристапот до дневната е оформен од ѕид со дрвени вертикали кој всушност претставува гардеробер и завршува со скриена врата во истиот стил со дијагонални лајсни, која успешно се втопува со остатокот од ентериерот. 4

Целиот простор се каракетеризира со употреба на пригушени пастелни бои и изобилие на дабови елементи кои парираат на таканаречениот шеврон под.

5

Во кујната се појавуваат разиграни монохромни плочки кои видливо ги одвојуваат просторот на кујната и трпезарија, додека вертикалната градина дополнително го збогатува амбиентот.

6

Во ноќна зона се наоѓа родителска спална и детска соба која во моментов има функција на домашна канцеларија / chill zone. На грбот на спалната повторно се појавува сличен геометриски момент кој на еден начин ја унифицира спалната со останатиот простор.

7

8

Бањата е отворена со голем прозор кон терасата и бидејќи не би сакале да може да се гледа од надвор кон внатре елементот е така направен што огледалата се подвижни на шина и воедно претставуваат таканаречена огледална завеса.

11

12

 

Во гостинскиот тоалет, главен акцент е миалникот кој е изработен од буре за нафта додека ѕидот спроти него ќе биде графички обработен.

13

14

9

10

15

Ф.К

 

Автор на статија: