Ентериерот на Офицерскиот Дом-Битола
04.04.2016 • Фотографија
Извор: Битола Бабам Битола
Доработка на фото: МАРХ
Фотогалерија од запуштената тековна состојба на Офицерскиот Дом во Битола. За неговата историја можете да ја посетите нашата претходна објава на таа тема, додека за оригиналната фотогалерија можете да ја посетите facebook страната на Битола Бабам Битола или нивната нова wеb страна www.babambitola.mk.
Офицерскиот дом, неодамна локалната власт се обиде да го продаде, но на заслуга на брзата реакција на битолчани и сите останати граѓани на Р. Македонија, властите се премислија.
Објектите од ваков карактер во Р. Македонија се уништени со текот на времето, непогодите и неспособноста на локалните власти да ги препознаат нивните вредности и сочуваат како живи примери-жива архива.
Овој објект има капацитет за најразлични случувања од полето на културата, и еден од ретките на кој му прилегаат високо свечени случувања како што е бал. Да не дозволиме и Офицерскиот во Битола да го изгубиме, повикуваме што поскоро веродостојно да се реставрира и конзервира!
Ф.К
Автор на статија: marh