“Turkish Airlines” – Скопје / Fog Architects
12.12.2016 • Ентериер и мебел
Автори: Ирина Стефановска / Драган Крстевски
Студио: Fog Architects
Година: 2016
Контакт / страна : Fog Architects
Фотографии: Борис Јурмовски/Марх
ФОГ Архитектс е Архитектонско Студио основано на почетокот на 2016 година од страна на архитектите Ирина Стефановска и Драган Крстевски, кое покрај архитектурата се бави и со внатрешен, концепт и графички дизајн.
Замислата на студиото е да се внесе нов пристап кон работата, нови методи на презентирање и концептуализација на проектите произлезени од заемното искуство остварено преку соработка со повеќе европски и светски компании.
При изработката на решението за ентериерот на Turkish Airlines лоцирано во Скопје ни изјавија:
“Не сакавме да пропуштиме ваков предизвик кој беше вистински тест во поглед на дизајн концепт, целосна реконструкција на постоечкиот простор и проектирање на ентериерот соодветно на барањата и стандардите на една светски позната компанија каква што е Turkish Airlines.”
“Беше неопходно да се испочитуваат строгите критериуми на компанијата, кои не само што ни покажаа нов пристап кон работата туку и се од големо значење за нашата идна работа за ваков тип компании на кои ентериерот се базира на брендинг.”
“Во постојана соработка со клиентот, успеавме за многу кратко време да создадеме ентериер кој конечно соодвестува на ваков светски бренд, кој обезбедува услови за удобно поминат работен ден, функционалност и пријатна атмосфера за клиентите.”
“Реадаптацијата на постоечкиот простор се реализираше во рамки на 3 нивоа: сутерен во кој се сместени архива, магацин за промотивен материјал и технички простории; приземје за продажба и работа со клиенти и спрат галерија кој опфаќа конференциска сала и административни простории.”
“Изборот на материјали, тонови и мебел се направи со цел да се добие еден простор кој во секој поглед кореспондира и го симболизира брендот Turkish Airlines, симбол црвена и бела боја, хармонија на материјали кои пружаат топлина, а истовремено се и high-tech и избор на мебел кој претставува симбол за комфор и комодитет.”
Материјалот го приложи и обработи: Борис Јурмовски
Автор на статија: Boris Jurmovski
design / fogarchitects / interior / MARH / skopje / turkishairlines / дизајн / Ентериер / марх / Скопје