Забележани мали оштетувања на скопската тврдина
15.09.2016 • Информации

Деновиве сеизмичката активност на скопскиот регион, предизвика оштетувања на некои од објектите низ градот. Kај повеќето објекти, тие се вонкоструктивни и се однесуваат на напукнување во внатрешните ѕидови, малтери или пак фасадна пластика. Со исклучоци поголеми оштетувања се случија во Железара и Сопиште.
Во дневна обиколка на градот, забележавме мали оштетувања и на Скопското „кале“. Во прилог фотографии од истото:
Ф.К

Автор на статија: Filip Koneski