Забележливи оштетувања на Камениот Мост

Изминатиов период на Камениот Мост во Скопје  се забележани  оштетувања за кои сеуште нема никакви сериозни одговори. Од она што го забележавме низ неколку други медиуми, градот Скопје ја одбива одговорноста и вели дека не е надлежен за мостот, или пак дека оштетувањата се од ниските температури.

Чекајќи сериозен одговор на темата, Камениот мост е напукнат по должина повеќе од 30 м, близу до работ на едната страна. Колку е тоа аларматно не би можеле да  шпекулираме но со сигурност не е за потценување ситуацијата и како може да се развие истата доколку не се направат сериозни истражувања за неговата состојба.

По серијата земјотреси минатата година  по кои забележавме оштетувања и на скопската тврдина, дали можеби  тоа е една од возможните причини за тековната состојба на Камениот мост?! ….

Инаку камениот мост во Скопје претставува една од најзначајните знаменитости на градот. Постојат две претпоставки околу датирањето на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден ( можеби реконструиран) во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 год.

Ф.К

Автор на статија:

/