Разговор со Ване Костуранов

Познатиот македонски сликар Ване Костуранов, овој месец во МКЦ не почести со уште една изложба насловена како “Скршнувања“. Во делата на Костуранов,  можеме да ја видиме куќата како „патерн“ на раскажување  во повеќе циклуси. Така ја најдовме конекцијата  со архитектурата и просторот во неговата уметност, што беше повод за ова кратко интервју во продолжение:

МАРХ: Кој е Ване Костуранов  – во неколку реченици?

Костуранов: Дека не умеам да зборувам за себе може да се види и од мојата биографија која се состои од една реченица. Сметам дека моите дела умеат многу подобро да зборуваат за мене.

img_7672

@Марх

МАРХ: Од кога се бавите со уметност?

Костуранов: Отсекогаш сум бил заинтересиран за различни начини на изразување на креативноста. Како мало дете најмногу време поминував во цртање, а многу често си измислував и правев играчки од дрво. Во средно свирев на гитара, а од 18та година активно сликам.

img_7679

@Марх

МАРХ: Колку самостојни изложби сте имале до сега?

Костуранов: Последната изложба “Скршнувања”, која се’ уште трае во галеријата на МКЦ е моја 12та самостојна изложба.

img_7678

@Марх

МАРХ:Кога би морал да кажеш со еден- два збора, што е обединувачко за целото  твое творештво, твоја инспирација, за сите твои циклуси, кои би биле тие?

Костуранов: Она што е непроменливо во моето сликарство, без разлика за кој циклус се работи, е искреноста и непресметаноста. Моите слики се мојот живот, таму е кажано се’.

img_7677

@Марх

МАРХ:Во последните  изложби, се појави куќата како главен и директен елемент за приказните кои ги создаваш… Нешто повеќе околу тоа?

Костуранов: Куќата е елемент кој подолго време е присутен во моите слики. Првите слики со куќи се од 2004та година, тоа е всушност годината во која јас почнав да го градам мојот вистински дом. После неколкугодишна пауза, куќите се трансформираа, добија човечки особини и така се роди “Улица Љубов”. Последната изложба пoвторно ги користи куќите како симбол, ама приказната овојпат продолжува во сосема различни опкружувања и амбиенти.

img_7676

@Марх

МАРХ:Куќата е основен симбол во архитектурата за индивидуален дом. Дали филозовски куќата  може да ја поврземе со индивидуална приказна / приказни ?

Костуранов: Да, куќата е симбол на личното, индивидуалното. Каде најдобро може да се преслика нашата личност, дух и вредности, ако не во нашиот дом. Со едно влегување во нечија куќа можеме да добиеме основно чувство за тоа какви луѓе и енергии живеат таму.

img_7675

@Марх

МАРХ:Дали некогаш ве интересирала друга професија или правец/ можеби медиум, преку која си почувствувал  можност да се изразиш ?

Костуранов: Да, веќе долги години покрај сликарството се занимавам и со графички дизајн.

img_7673

@Марх

МАРХ:Што мислиш за проектот Скопје 2014?

Костуранов: Бидејќи се работи за многу обемен проект можеби би требало да се коментира секое дело посебно, но генерално мислам дека центарот на Скопје благодарение на овој проект личи на излог од слаткарница. Објектите наликуваат на шампити и индијанки, а фонтаната “Воин на коњ” на фонтаните од течно чоколадо.

img_7674

@Марх

МАРХ:Кој е твој омилен македонски сликар и дали можеби  имаш особено драг македонски архитект?

Костуранов: Има многу фантастични и значајни македонски сликари, но поради влијанието што го имаше кај мене на моите најрани почетоци, би го издвоил Петар Мазев. Архитектонската сцена не ја пратам многу, но како омилено архитектонско остварување би го издвоил објектот на главната Пошта, на архитектот Јанко Константинов.

img_7670

@Марх

МАРХ:Дали веќе подготвуваш нешто ново за твојата публика?

Костуранов: Уште создавам нови слики од последниот циклус “Скршнувања”.

img_7669

@Марх

Фотогалерија од отворањето на последната изложба >>>

Насловна фотографија: Елена Фиданска

Фотогалерија: Борис Јурмовски

Во име на МАРХ, разговорот го водеше: Филип Конески