Историски архив Штип / Георги Константиновски

Локација: ул. „Сане Георгиев“ бр.35, Штип

Автор: Георги Константиновски

Година: 1975-76

Извори: „Патот на еден архитект 1958-2013“ – Издавачка куќа „Култура“, Википедија слободна енциклопедија

Архивот во Штип е формиран во 1956 година, а денес работи како подрачно одделение во рамките на Државниот архив на Република Македонија, со адреса на ул. „Сане Георгиев“ бр.35 во Штип. Од мај 1976 година Одделението работи во нова наменска зграда со читална. Овој архив има надлежност врз општините: Штип, Карбинци, Свети Николе, Лозово, Пробиштип, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Радовиш и Конче.

?

Архивот се состои од два посебни габарити коишто се меѓусебно поврзани со мост на првиот кат. Понискиот волумен е наменет за депонирае на обработена архивска граѓа, а високиот волумен за нејзино средување и обработка.

?

Во приземјето под повисокиот габарит е сместено депо за прифаќање на регистарски материјал а на најгорниот кат е сместено бифе од затворен тип коешто излегува на две пространи тераси од каде што се овозможува непречена визура кон разиграната силуета на градот. Партерот е решен со богато зеленило и водени површини.

arhiv-shtip-7-georgi-konstantinovski_marh

За објектот г-дин Андреj Цветков, кој е тетин на Георги Константиновски, при посета на архивот со група на интелектуалци-историчари од Софија константирал:„ Ова е птицата феникс која со своите раширени крилја бдее над богатата македонска историја!“

?

Ф.К