Како помина отворањето на „Thnink“
05.12.2015 • Ентериер и мебел
Пред две вечери Скопје го доби првото место во кое што љубителите на добро дизајнираниот мебел ќе можат да се чувствуваат како дома. А, дека во Think – House of Furniture навистина ќе биде така, се потврдува и со нивната филозофија – “Ние сме дом, а не продавница за мебел”.
Think – House of Furniture е првата концептуална продавница за мебел во која посетителите ќе можат да го доживеат мебелот баш онаков каков што сакаат да го видат во својот дом. Овој уникатен простор во кој секој сантиметар е добро испланиран нуди неколку различни соби, а мебелот во секоја од собите е посебна инспирација за посетителите.
Покрај одличните дизајнерски решенија кои можат да се сретнат во Think – House of Furniture, забележливо е и вниманието кое е посветено на функционалноста со која располага просторот и самиот мебел кој се продава. Буквално сѐ што се наоѓа таму, се наоѓа на правото место, a се доживува во вистинското светло.
Необичниот простор на Think – House of Furniture исполнет со топол и пријатен амбиент можете да го најдете на улицата Орце Николов 115 секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот и сабота од 10:00 до 14:00 часот.
Автор на статија: marh