Кандилабри на мост „Слобода” / 1936-2015

Мостот „Слобода” (првично име Моша Пијаде) ја премостува реката Вардар на булевар „Филип Втори Македонски” .Изграден е пред поделбата на Македонија ( се појавува на фотографија од 1911), каде се забележува дрвениот коловоз.

Marh_most sloboda

Формата која денес ја гледаме, но на старите фундаменти ја добива во 1936 година (според Wikipedia). Kомплетно саниран и рекоструиран e во 2011 и 2012 година. Во тек е неговото „дошминкување” со декоративна ограда вредна над 1.000.000 евра.

Марх_кандилабри мост Слобода 11

Има посебен пристап во начинот на поврзување со кејовите, кон кои се извива. Со тоа ја олеснува човечката  позиција на движење-свртување.

мост СлободаПосебен детал на овој мост се кандилабрите, кои се втопени во архитектонското обликување  на мостот, единствен ваков зачуван пример на територијата на Македонија(изникнуваат од бетонската структура на мостот). Овие кандилабри се оргинален пример и спомен на своето време.

Марх_кандилабри мост Слобода 5

Марх_кандилабри мост Слобода 4

Со монтирањето на новата ограда, почна нивното отстранување.

Most Sloboda 0502

Обликувањето на овие кандилабри е нешто што не би требало да се игнорира како естетика и оргиналност. Но, тоа се некои нормални и етички принципи кои недостасуваат во новата интервенција на мостот. Естетиката што ја брка проектот „Скопје 2014″  ја промаши и еклектиката на овие кандилабри, што говори за игнорирање дури и на она кое е во прилог на тоа што сака да го постигне.

Марх_кандилабри мост Слобода 1

Марх_кандилабри мост Слобода 10

Автор на статија: