Конкурс за прототип на паметна автобуска постојка на „Рекорд“
08.10.2016 • Конкурси
Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции ве повикуваат да учествувате на натпреварот „Паметна автобуска постојка“ организиран во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето на иновации во јавниот сектор преку вклучување на заедницата во изнаоѓање на решенија со цел подобрување на јавните услуги.
На натпреварот „Паметна автобуска постојка“ ќе се изработува идејно решение за автобуската постојка на ул. Димитрие Чуповски бб (Рекорд-Центар)
Натпреварот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој и дизајн на идејни решенија. За учество на натпреварот, треба да се пријавите на следниот линк. Поднесувањето на електронски пријави започнува од 02.09.2016 година и ќе трае до 15.10.2016 година.
Рокот за пријавување може да биде продолжен по одлука на организаторите.
Краен рок за аплицирање: 15.10.2016
Комплетниот повик за натпреварот за прототип можете да го најдете на: Отворен повик за Паметна автобуска постојка
Извор: Фонд за иновации
Автор на статија: Filip Koneski