Кристоф Фелгер со предавање на Архитектонски факултет
06.11.2015 • Информации

превземено од: AAM, АФС
Почитувани колеги,
задоволство ни е да Ве поканиме да присуствувате на вечерното предавањена архитектот Кристоф Фелгер што е дел од сесијата предавања предвидена со програмата на Архитектонскиот факултет за 2015/2016 година.
Овие настани ги сметаме особено важни за развој на архитектонската култура како за академскатата така и за професионалната заедница во нашата земја.
Реномираниот архитект Кристоф Фелгер е партнер и дизајн директор на престижното архитектонско биро David Chipperfield Architects од Берлин. Својата работа тој ќе ни ја претстави на предавање со наслов: ‘Stories about designing’.
Предавањето ќе се одржи во вторник, 10 ноември со почеток од 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет

Автор на статија: marh