ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА „Св. Јоаким Осоговски“ 2016
22.07.2016 • XVI - XIX век
Јубилејната 25-та школа за архитектура се оддржa од 9-16 јули оваа година.
Манастирот Св. Јоаким Осоговски и оваа година беше домаќин на 25-та летна школа за архитектура „Св. Јоаким Осоговски“ во организација на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Во периодот 9-16 јули, 24 студенти под раководство на Михиел Ридајк (Michiel Riedijk) и Џулиет Бекеринг (Juliette Bekkering) беа ангажирани во истражување на иновативно размислување во процесот на проектирање архитектура.
@Марија Џидрова
За Архитектите:
Михиел Ридајк е холандски архитект и професор на Техничкиот Факултет во Делфт. Тој е основач на архитектонското биро Нојтелингс Ридајк Архитектс (Neutelings Riedijk Architects) во Ротердам, Холандија. Работата на неговото студио е карактеризирана како скулптурална и дури антропоморфична, со форма која е жива додека јасно следи рационалност во однос на програмирањето и констекстот.
@Марија Џидрова
Џулиет Бекеринг е ко-основач и ко-директор на Бекеринг Адамс Архитектс (Bekkering Adams Architects) и е професор на Eindhoven Technical University каде ја води катедрата на архитектонското проектирање и инжинерство. Од 1989 до 1997 работи за неколку прочуени архитектонски бироа, каде се вклучени ОМА и Neutelings Riedijk Architects. Во нејзината кариера таа е често дел од жири тимови во конкурси, дебати и работилници. Нејзините проекти и текстови се објавиени во национални и интернационални изданија.
Оваа година работата на школата се базираше на откривање на нов начин на размислување. Темата која беше најавена COLLAGE,MONTAGE,ASSEMBLAGE го постави тонот на работа уште од првиот работен ден, кога на студентите им беше зададена работата на замислување на простор преку техниката на колажи, монтажи и асемблажи.
@Марија Џидрова
Во одредена смисла, колажот е техника на откривање на просторни потенцијали преку користење на различни 2D површини.
@Сања Аврамовска
Монтажата беше искористена како „2 и пол D“ техника, каде се работи во рељеф техника со цел да се издвојат површините кои се во преден план од тие во заден. Како конкретизација на првите два дела, асемблажот преставува 3D претставување на мислата преку макета, притоа користејќи различни материјали како асоцијации на вистински материјали.
@Марија Џидрова
Структурата на оваа година на летната школа беше оформена на тој начин што по секои 2 дена работа следеше презентација на работата до таа точка. На тој начин студентите беа стимулирани да работат на презентациските способности многу повеќе од што се работи вообичаено.
@Марија Џидрова
@Сања Аврамовска
@Марија Џидрова
Во склоп на летната школа беше организиран и концерт на проф. Драган Даутовски кој се одржа на платото над манастирот.
@Марија Џидрова
@Марија Џидрова
@Натали Мицеска
@Натали Мицеска
@Сања Аврамовска
Материјалот го приложи и обработи: Љубен Трајаноски
Автор на статија: marh