Меурчиња, пена и мориња / Предавање на Мауро Гил-Фурние

Извор: facebook  event

Ве известуваме дека во петок, 12.05.2017, во ГЕМ Клубот во Скопје со почеток во 19:00 ч. ќе се одржи отворено предавање и дискусија со Мауро Гил-Фурние (Mauro Gil-Fournier), архитект и ко-основач на SIC | VIC студиото од Мадрид, Шпанија.

Презентацијата на Мауро Гил-Фурние се однесува на работата на архитектонското студио SIC | VIC кое се стреми да постави нелинеарна историја на динамики кои во моментов се случуваат во повеќето од градовите на 3 различни нивоа. Како што тој објаснува: „Граѓанскиот сектор создава меури, како што се појавата и исчезнувањето на граѓанските организации и создавањето мрежи помеѓу нив. Сложени пени и состојби се јавуваат кога меурот од екосистем е создаден. Морињата пак се транзицијата-артикулацијата помеѓу воспоставените модели. Ваквите динамики не се прогресивни или еволутивни на линеарен начин; се случуваат истовремено во градот. Тие формираат систем со силна интеракција и повратни информации помеѓу компонентите на системот. Нелинеарната историја која сакаме да ја имаме тука, со нејзините привлечности и поделби, создава динамики што во конкретниот случај има клучен фактор: нивниот ситуиран карактер. Оттука, преку нашата работа и развој на град ќе се обидеме да објасниме што го прави Мадрид денес прототип на граѓанска иновација и урбана трансформација.“

Работата на Мауро Гил-Фурние, како архитект на SIC | VIC студиото, се фокусира на прогресот на архитектура, градот и територијата во урбаните и граѓански иновации. И двете структури функционираат преку радикално вклучување на мултилатерални и колаборативни процеси во областа на архитектурата и урбанизмот. Студиото SIC е основач на VIC – Vivero де Inciativas Ciudadanas, платформа за урбани студии што ги истражува начините на кои релационото, материјалното и технолошкото се поврзани во граѓански иновации и практики. Неговата работа е изложена на многу национални и меѓународни форуми, како неодамнешното Oslo Architecture Triennale (2016), Householding Fair Bauhaus-Dessau (2015), Lisbon Architecture Triennale (2013), или Rome Public Space Biennial (2013). Исто така, доделени му се повеќе награди, како Mies van der Rohe European Award (2007), Detail Prize 2009, Bauwelt (2009), AR Awards and FAD (2008) и други. Неговата работа периодично е објавувана, а гостува и на конференции на главните форуми, состаноци и публикации за архитектурата и урбаните студии. SIC | VIC денес развива ибероамериканско мапирање на граѓански иновации civics.es и одржлива урбана програма наречена maresmadrid.es.

http://www.estudiosic.es/
http://viveroiniciativasciudadanas.net/

6. Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Програмата на шестото по ред издание на симпозиумот насловен „Простори, функции, фикции и други заеднички именители“ во наредните денови ќе ги претстави и Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли од уметничкиот колектив <dienstag abend> од Виена, Австрија, и Себастијан Цихочки (Sebastian Cichocki) водечки куратор на Музејот на модерна уметност во Варшава, Полска.

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците и коосновачите на Проектниот простор Прес ту егзит, Јане Чаловски и Христина Иваноска.

Овогодинешниот симпозиум е организиран во соработка со: Музејот на современа уметност, Социјалниот центар „Дуња“, Клуб ГЕМ, а поддржан од: Министерство за култура на Република Македонија, Австриска амбасада, Амбасада на Кралството Шпанија и Aмбасада на Република Полска.

Автор на статија:

/ /