Фотогалерија од доделувањето на наградата „Андреја Дамјанов“

Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2023 година, која беше свечено доделена вчера во 19 часот во просториите на МАНУ.

Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија.

 

 

НАГРАДАТА “АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОДЕЛЕНА НА АРХИТЕКТОТ ЗДРАВКО РАФАИЛОВСКИ