Македонска опера и балет / „Биро 77 ” -1979
09.05.2015 • ХХ век / II половина
Фирма: Biro 77
Автори: Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич
Година: 1979
Локација: кеј на Вардар, Скопје
Изведувач: Бетон
Македонската опера и балет, изградена како дел од комплексниот проект за Културниот центар во Скопје, е дело на група словенечки архитекти од Бирото 77 (Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич ).
Замислата за комплексот била обемна и во себе содржела: театар, опера, балет, музичка академија и дел од банка. Неговата скулптурална архитектура од натур-бетон наликува на бела санта лед, која за момент е застаната на брегот на реката Вардар.
Профилот на таа композиција има наклон кон реката, покрај чиј брег формира скалест отворен плоштад на културата. Инспирацијата за оваа композиција, која е пред своето време (следејќи многу тековни реализации) многумина велат дека е најдена во сликата на Каспар Давид Фридрих (Caspar David Friedrich), насловена како „Морето од мраз”, исто позната како и „Руинирана надеж”, создадена 1823-24 година.
фотографијата е позајмена од нет. Автор: Ravanski
Овој објект во своето време влегува во топ 5 најдобри современи реализации на оперски куќи. Неговата атрактивност тек почнува да привлекува внимание. Светските архитектонски студија често се интересираат за него, додека студенти од архитектонските факултети од светот доаѓаат да го посетат. Исклучиво ендемичен по својата форма, со цврста вонвременска мисла. Предизвикува восхит, фактот, дека скоро овој објект ќе направи половина век постоење.
Во себе содржи репрезентативно фоаје со гардероба, голем салон со сцена по димензии компаративна со Миланската скала, потоа мала сцена, балетски вежбални, сценографско и костимографско оделение, техничко оделение, сала за оркестар, кабинети за музичките работници, комерцијални содржини, паркинг итн.
превземено од официјалната нет страна на МОБ
Смел потег на современата македонска архитектура, кој за жал остана недореализиран а веќе во поново време и деградиран. „Сантата мраз” е поставена така да биде во контакт со водата (реката Вардар), особено се доживуваше неговата моќност одспротива, од кејот „13ти Ноември”.
Денес скоро и да не може да го забележиме поради објектите од Скопје 2014, кои не покажуваат почит кон истиот. Партерот кој беше дел од целовитоста на архитектонската слика, веќе не постои, а пред него во тек е изградба на сосем нов, вон неговиот контекст.
Автор на статија: marh