Национална Арена „Филип II“

Национална арена „Филип II Македонски“ — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.

Моменталниот максимален капацитет на арената изнесува над 33.000. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.

извор>>>

Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

извор>>>

Изградба и реконструкција:

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010.

извор>>>

На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор. Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.

извор>>>

Во соработка со ВИКИПЕДИЈА на македонски јазик

Насловно фото: Филип Конески