НАЈАВА ЗА ИАС11 – ИЗЛОЖБА НА АРХИТЕКТОНСКИ СТУДИЈА
31.01.2018 • Информации

Во петок, 2 февруари во 11:00 часот во големата сала на Архитектонски факултет – Скопје, при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ќе се отвори изложба на архитектонски студија. На изложбата ќе можете да ги проследите завршните резултати од работата на студентите во архитектонските студија во зимскиот семестар од учебната 2017-2018 година, како и пристигнатите трудови на конкурсот „Индустрија во град“. Изложбата ќе трае од 2 до 8 февруари.

Автор на статија: Martina Shteriova