Новата сала на собранието на Република Македонија
13.10.2016 • Информации
Деновиве имавме можност да ја погледнеме новата сала на собранието на Република Македонија. Истата е дел од обемната реконструкција и доградба на законодавниот дом, дело кое беше заштитено од управата за заштита на културните споменици.
Под стаклената купола, која од почетокот беше осудена за „слепо препишана“ од Германското собрание, се наоѓа сала во која можеме да забележиме импровизирани куќи од традиционалната архитектура наменети за симултан превод на настаните, нејасна симболика на декорот и дрвен опшив на ѕидовите.
За ентериерот, функционалноста и естетиката на овој простор за кој се потрошени огромни народни средства, МАРХ отворено упатува покана до професионалците за критика која би ја објавиле во категоријата „СТАВ“.
Галеријата од ентериерот на доградбата на овој објект можете да ја погледнете тука >>>
Насловно фото: Собрание на Р.М
Автор на статија: Filip Koneski