Обнова на фасади на три објекти во Битола
02.11.2016 • Информации
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола интензивно работат на обновата на фасадите на Средното музичко училиште и на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, објекти градени во стилот на еклектицизмот под влијание на европските струења од крајот на XIX и почетокот на XX век, како и на обновата на фасадата на „Безистенот“, значаен споменик на културата кој ги носи белезите на османлиската архитектура од XVII век.
Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и на споменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, треба да биде до крајот на 2016 година.
Извор: Министерство за култура
Автор на статија: Filip Koneski