Подарок од МАРХ за вас

Марх по повод својот прв роденден доделува книга за еден од своите читатели.  Наградната игра е отворена за сите (освен за членовите и соработниците на МАРХ и нивните семејства), а изборот ќе биде по случаен пат во присуство на тимот на МАРХ. Во играта може да учествувате на едноставен начин. Своето име и презиме оставете го во коментар на објавата на социјалната мрежа- facebook, посветена на наградната игра.

Книга за подарокНаградата е насловот „Неред и Гротеска“, во издание на „Темплум“ и „Плоштад Слобода“. Во истото се вклучени ставовите и интервјуата на познати македонски архитекти и професори на Архитектонскиот Факултет во Скопје,  асистенти, луѓе од други професии но и луѓе со став за социјалните случувања во градот и земјата.

20151123_234544

Марх ја потикнува критичката и аргументирана мисла, а особено ставот на професијата и добронамерниците на македонското општество. Не навлагајќи во поединечните ставови, МАРХ смета дека овој наслов е вистински подарок бидејќи содржи мисли на современиците на тековната состојба во сверата на архитектурата и општеството. Во контекст на важност од архивирање и достапност на случувањата и ставовите, ви ја подаруваме оваа книга со желба да поттикнеме критички став и желба за знаење и истражување во вас.

Среќниот добитник ќе биде објавен кон крајот на денот на fb страната „Македонска архитектура“

Секому добро! 🙂

Автор на статија: