Се отвори фудбалската академија на ФК „Вардар“
16.05.2016 • XXI век Информации Фотографија

Марх, официјално доби покана да го проследи отворањето на новиот објект – фудбалската академија на ФК „Вардар“. Истиот е лоциран во непосредна близина градскиот стадион- Арена „Филип Втори“, а свечениот момент се случи вчера, недела, 15 мај 2016та година. Покрај присуството на пригодниот говор, ни беше овозможено да прошетаме и низ просториите на новиот објект.
На пригодбата, освен пуштањето во употреба на новата зграда, се постави камен темелник и на првиот фудбалски музеј во Македонија, посветен на Фк Вардар, со припратни содржини.
Академијата е проектирана од “Балкан Груп Констракшн”, со површина од 1. 152м2 во кој се сместени шест соблекувални, простор за презентации, административен простор и други помошни простории.
Од посетата ви приложуваме фотогалерија, најавувајќи објава со технички прилози и образложение за објектот од неговите автори, во најскоро време:
Фотографии: Борис Јурмовски, Филип Конески

Автор на статија: marh