Отворен повик за патувачка изложба на македонски дизајн / Public Room

ДО КОГА?
Краен рок за пријавување е 05.02.2017.

ШТО?
Повик за учество во патувачка изложба која ќе ги претстави најновите дизајн решенија од Македонија во 2017 на регионалната и домашната сцена. Идејата е со ова претставување на македонскиот дизајн во регионални рамки да се прикаже иновативно размислување од страна на дизајнери, архитекти, инжењери од Македонија во форма на иновација (прототип или производ во серија) и да компаниите и поединци се поврзат со потенцијални соработници од регионот. Предвидено е оваа изложба да содржи: парчиња мебел, текстилни производи наменети за домаќинство, осветлување, облека и обувки, графички дизајн во применета форма – аплициран на текстил, амбалажа на производ и сл.

КОЈ?
Учество на патувачката изложбата на македонски дизајн може да земат сите дизајнери, дизајн студија и компании кои имаат изработено производ или се во финална фаза на изработка на нов производ/прототип. Дизајнери, архитекти, инженери и други кои сакаат да ги афирмираат своите производи и остварат комерцијални линкови со продавачи и дистрибутери од земјите во регионот.

КАДЕ?
ИНИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновациии
Сите пријавени кои ги исполнуваат критериумите за да учествуваат во изложбата ќе можат да ги претстават
своите производи во Јавна Соба на 22. февруари, 2017. Жирито составено од Никола Радељковиќ, Маја Лалиќ и Александар Велиновски ќе извршат селекција на 15 производи кои ќе бидат дел од патувачката изложба на македонски дизајн.

ПАТУВАЧКАТА ИЗЛОЖБА ќе биде претставена во период мај – декември 2017 на следните фестивали во
регионот: Mikser festival Belgrade, D Day Zagreb, EDNO Design Week Plovdiv, Tirana Design Week и
Skopje Design Week.

Дополнително, организаторот го задржува правото да ги поврзува учесниците директно со концептуални
и други продавници од регионот.

КРИТЕРИУМ НА СЕЛЕКЦИЈА
Потребно е производите да ги содржат следниве елементи:
– Иновативност,
– Функционалност,
– Јасно изразена додадена вредност,
– Економска издржаност во поглед на изработка, материјали и достапна технологија,
– Пазарна перспектива за пласман на домашен и регионални пазари.

ПРИЈАВА
Пополнете ја пријавата и испратете ги визуелните материјали за вашите производи на
contact@publicroom.org преку www.wetransfer.com, најдоцна до 5. февруари, 2017.

КОНТАКТ
За повеќе информации:
contact@publicroom.org