Истражете го Стоби!
24.03.2016 • До V век Информации
Веќе 8ма година, како локалитетот Стоби е прераснат во успешна Национална установа-Стоби. Истиот во изминатите години се истражува со полна пареа, притоа систематски презентирајќи ги резултатите на својата web страна
Доколку сакате да се запознаете со овој антички локалитет, можете да ја посетите страната, каде ќе најдете информации на македонски и англиски јазик. Приложени се мапи, отворени основи на локалитетот, неговата историја, текот на конзервацијата и реставрацијата или можноста да си купите сувенир. Секоја година установата организира и летна школа за мозаик, каде можете да се стекнете со вистинско искуство во процесот на реставрација на оригинални антички мозаици.
Од скоро, страната нуди и 360* галерија, овозможувајќи ви виртуелно да го посетите Стоби. Навистина успешно е реализирана оваа фотогалерија, каде се обработени 14 значајни објекти од локалитетот.
Античкиот театар, Најстарата синагога во Европа, Епископската базилика или Објектот со арки се само дел од понудата. Низ просторот можете да се движите и да истражувате.
Оваа алатка може да биде од корист не само на туристите, туку и на студентите по археологија, историја и архитектура. Страната нуди доволно податоци за истражување и ќе биде ризница од која често ќе споделуваме, со цел да ве запознаеме со македонското античко и градителско наследство.
Во 360* документирањето на Стоби, фотографирањето на повеќето објекти е во период во кој се покриени повеќето подни мозаици, со што се оневозможува целосната перцепцијата на убавините на локалитетот.
Се надеваме дека оваа галерија ќе биде константно освежувана и дополнувана, а вие драги читатели покрај посетата на страната, задолжително посетете го овој локалитет и во живо.
Ф.К
Автор на статија: marh