Офицерски дом – Битола

Ктитор: Абдул Керим Паша

Почеток на градежни активности: 1912 год.

Локација: Широк Сокак, Битола

Автори и градители: „Според некои усни кажувања, зградата била дело на двајца архитекти од Виена, Австрија и Италија. На неа работеле мајстори од селото Смилево. Се споменува дека со градбата раководел познатиот украински архитект Валери Гусин, најверојатно, белогардеец пребеган на наши простори.„ според архитектот Зоран Алтипармаковски, за Утрински Весник (22.06.2010)

Извори: Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни“ од Кокан Грчев;  Утрински весниk; Declampe; whereismacedonia.org ….

oficerski-bitola-old-00

Објектот почнал да се гради во 1912 година за потребите на турските офицери, но не успеал да биде завршен во нивното време. Концептот за овој објект бил замислен како синтеза на тврдина и палата. Тврдината може да се забележи во композицијата на објектот, преку појава на „кули“ и декоративни топови, додека палатата се забележува во нејзината грандиозност и елеганција, преку високите плафони и прозорски отвори.

sap40_or076984_p

Организацијата на фасадата е според правилото на вертикална симетрија, разчленета со хориозонтални декоративни делби. Објектот насетува влијание од „маварскиот“ стил, кој во периодот на XIX век најпрво влегува како влијание во Босна и Херцеговина. Појавата на овој историцизам е реален во поглед на естетиката која е поблиска до турското население и муслиманската архитектура на арапскиот свет. Тоа се појавите на потковичестите, т.н сараценски лаци, сликовитост на фасадата и обилната пластична декоративност. Сепак не може да се изостави познавањето на академизмот и класицизмот, според неговата потреба за апсолутна ориентација.

oficerski-bitola-old-03

Објектот е подигнат на цокле, со што се овозможува елегантно  скалишно пристапување кон градината, но и осветлување на подрумските простори.

Зградата е поставена во правец Запад – Исток, со димензии од 37,2 метра со 17,9 метри. Висината на венецот е 13,9 метри, а до самиот покрив 17,3 метри.

oficerski-bitola-old-01Објектот служел на елитата на повеќе војски. Македонската армија е последната која го користеше објектот, а после АРМ, објектот стана запуштена руина. Карактеристично за ентериерот на овој објект е дека во 70тите години на минатиот век, пренесени се остатоците на двата лустера од Офицерскиот дом во Скопје. Од нив  бил создаден еден лустер, кој до ден денес стои во свечената сала.

C35157F371F0854EBA905F4CF4379D32Офицерскиот дом претставува културно наследство кое треба да биде заштитено со конзерваторско – реставраторски постапки, а потоа да се врати во функција на културата во Битола. До каде се стигнати најавите на локалните власти дадени во 2010, за реализацијата на овој конзерваторски проект немаме информации.

oficerski-bitola

Материјалот го приложија и обработија: Моника Крстевска, Филип Конески

 

 

Автор на статија: