Пасивно-соларни куќи во Визмар, Германија/ Ивана Ангелова
25.06.2015 • Студентски проекти
Истражувачки проект за пасивно-соларни куќи во Визмар, Германија
Автор: Ивана Ангелова
Година: 2012
Ментoр: проф. др Детлев Герих
Контакт: www.behance.net/ivanangelova
Овој проект е работен 3 месеци на факултетот за градежништво, на катедрата за самоодржливост, во Визмар, како дел од студентската пракса на Ивана Ангелова во 2012 година. При техничка анализа на проектот е користен Autodesk Ecotect Analysis – софтвер за дизајн на самодержливи објекти.
Идејата е да се изнајде нов модел, прототип на индивидуално домување, кој ќе одговори на потребите на современиот човек. Притоа овој модел се стреми кон тоа да има нула нето потрошувачка енергија иако во временски услови како на оваа локација тоа се сведува на отпимална потрошувачка на енергија која нуди максимална ефикасност на објектот.
Локацијата е близу до градот но надвор од него, обиколена со прекрасна природа и полиња со обработлива почва каде населбата би можела да се развива во иднина и да прерасне во една урана агрикултурна заедница. Временските услови -ладни и долги зими и умерени лета, поставеноста на локацијата -ружа на ветрови и сончеви анализи, како и следењето на LEED стандардите за енергетска ефикасност во архитектурата, беа пресудни за дизајнот.
Користени се префабрицирани локални материјали со јака изолација, што ги прават објектите модуларни и лесни за изградба. Главниот концепт е куќа во куќа, каде што единицата за живеење е поклопена од заштитната обвивка која нуди сличен ефект на ”стаклена градина”. Зоната помеѓу овие два волумени е главна за придонесот на одличните одржливи капацитети на куќата.
Се јавуваат две типологии на објекти, а пет различни распореди на ентериерот во нив. Едниот тип претставува две индивидуални куќи под еден ”покрив” кои делат заеднички меѓу-простор, а другиот тип е самостојна куќа со иста ширина и висина која се покажува како најефикасна при зачувувањето на енергија.
Анализите за загуба и заштеда на топлинска енергија се изработени со помош на професорот м-р. Детлев Герих според кои дизајнот се покажа како успешен пример на самоодржливи пасивни објекти.
Автор на статија: marh