План на Скопје (Маџир маало) од крајот на XIX век

Планот на Скопје од 1899 година, претставува почеток на идејата за поголема европеизација на градот, негово урбанизирање и планиран развој.  Во моментот градот е распослан во своите доцноантички и средновековни граници, меѓу двете возвишенија на Скопската тврдина и парк шумата „Гази баба“ до реката Вардар. Тој пак е во  една поприродна и дива варијанта, полн со островчиња и моќен тек.

Градот се шири кон југ кон воспоставениот железнички коридор ( 1878 год.), преминувајќи го Вардар. На неговиот брег во полуостровското обликување се забележува новата населба, со планирана ортогонална сообраќајна мрежа.

 

план на скопје крај на 19 век

Тоа е она што денес го препознаваме како Маџир Маало, или по старо Мухаџир Маало. Од крајот на XIX до средината на XX век, може да се забележи неговото место како атрактивна локација на која се планираат сериозни градски структури.

Плановите не се реализираа, структурата на населбата остана, но објектите се руинираа до субстандардни услови, преточувајќи ја оваа наслеба во „село“ во центарот на Скопје. На толку размислување, денес просторот се остави на жедните инвеститори за профит, кој ги цедат до максимум можностите на правилниците.

Маџар Маало низ годините 2Градот и општина Центар, немаа визија, ниту бараа визија за овој простор преку нов јавен конкурс. Под изговор на реалните потреби на жителите на маалото, се реализира урбанистичкиот немукает.

Од прва ортогонална мрежа, Градска Порта, до капиталистичка деструктивност и безосетност за атрактивен простор, потенцијал и насока за смели идеи.

DUP Madjir Maalo 2Ф.К

Автор на статија: