Плоштад „Слобода“ / Поповски
21.01.2017 • Урбанизам ХХ век / II половина
Архитектонско – истражувачки проект
Автор: Живко Поповски
Година на проектирање: 1989/91
Извор: Бимас 1991
Архитектонски факултет – Скопје
Скопје е град кој се развива во специфичен архитектонски и урбанистички дисконтинуитет. Тешко може да се најдат јавни простори, улици, плоштади, паркови, згради, кои што подолго време опстојуваат во својата правичност и оригиналност.
@Google Earth 2017
Истражувачкиот проект „Плоштад Слобода’ претставува само можен обид за „вадење“ на нови вредности и содржини на користење на јавните простори во Скопје, преку враќање, вметнување, па и подметнување на објекти што се компатибилни, ако сакате „извлечени“ од некогаш блиските слики на реализирани и нереализирани желби на архитектите, градежниците и богатите инвеститори во минатото.
Транзитниот моторен сообраќај крајно е редуциран, поточно отстранет во тој дел од градот во правец исток-запад. Површините за паркирање и пристап до објектите стануваат како неминовни, меѓутоа сега тие имаат рафиниран пристап, добиваат значење на претпростории за јавните места.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Архитектонско-истражувачки проект / Живко Поповски / Плоштад Слобода