ПОВЕЌЕНАМЕНСКА СПОРТСКА САЛА “ГРАДСКИ ПАРК” / BINA
05.10.2017 • XXI век
Проектантско биро: BINA [bureau of inventive architecture]
Автори: Бекир Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Амине Адеми, Дорунтина Зендели, Дрен Невзати, Елмедина Хасани
Година: 2017
Награда: II место
______________________________________________________________________________________
Градски парк, чие формирање започнало од XIX век преку систематско уредување започнува и проширувањето на истиот кој понатаму станува еден од најпосакуваните места на локалното население, место на културни манифестации, среќавања, рекреација…
Целта на ова идејно решение не е само да се откријат важните карактеристики на архитектурата во дадениот контекст, решението не само да биде препознатлив со своите квантитативни туку и со квалитативни карактеристики, да е жива и да живее меѓу нас.
Инспириран од движењата, вегетацискиот состав и спортските случувања околу зададената парцела програмски се испреплетуваат и создаваат нова фокална точка, овој пат динамична-импресивна но и привлечна за посетителите а особено за љубителите на спортот. Транспарентноста, визуелно редуцирајќи ја големината на волуменот, овозможува и поглед на внатрешноста од надвор која освен спортски настани станува отворена (средна порта) и атрактивна и за други дневни активности и игри сето тоа во директен контакт со корисниците на паркот проследено со надворешен аудиториум и мал плоштад ориентирани кон спортската сала.
Дизајнот на спортската сала технички и конструктивно соодветствува на современите критериуми за проектирање на спортски објекти од ваков тип. Проектирана е да ги задоволи сите барања и стандарди за оджување на меѓународни натпревари пропишани од FIBA, IHF, FIVB и други меѓународни федерации. Концептот изграден врз сите овие стандарди се карактеризира како мултифункционална структура, нов дом за љубителите на спортот, професионалните спортисти и рекреативците.
Просториите во објектот се проектирани да ги задоволат потребите на сите типови потенцијални корисници: нормални лица и лица со физичка попреченост. Ваквите различни барања се интегрирани како неопходни уште во најрана фаза на процесот, стратешки се позиционирани и координирани во објектот за оптимално задоволување.
Телото е поделено на три паралелни сегменти, од кои две се издигнуваат во гледалишта додека средниот сегмент во борилиште кој е на нивото на околните спортски терени. Основната композиција се состои од два блока поврзани со заеднички базис, паркингот. Главните два влеза за посетителите се ориентирани кон градскиот парк, од предпростор-плоштад кој за време на натпревари се користи за собир на поголем број на луѓе додека колскиот сообраќај и пристапот кон паркингот е целосно независен и одвоен од пешачката зона.
Конструктивен систем и енергетска ефикасност: Конструкцијата на објектот претставува мешовит конструктивен систем од армиран бетон искомбиниран со челична конструкција како покрив и обвивка.
Кров: изградената површина е компензирана со исто толку зелена површина во делот на покривот, софистициран систем на екстензивно ниско зеленило кој придонесува во одржливиот развој. Со имплементирање на мерките за енергетска ефикасност особено со функционалноста е обезбедено големо количество на дневна светлина, без притоа просториите да бидат дирекно изложени на сонце кои ја чинат градбата енергетски ефикасен.
Фасада: Фасадата кој воедно претставува и лицето на храмот на спортот во зависност од својата ориентација го менува ликот, станува делумно порозна, создава колоритна рефлексија, како и други перцепциски квалитети со помош на
комбиниран систем на стаклена структура, обликувани алуминиумски панели и бетонски композитни панели. Стаклената површина директно изложена на сонцето се предвидува да содржи заштитни карактеристики (стопсол) додека Алуминиумските панели се преобликувани делумно да апсорбираат дневна светлина и ноќно да рефлектира вештачка светлина, сето тоа да резултира со живот и динамичност на предвидениот објектот.
Програма:
Објектот е составен од две подземни нивоа, приземје и два ката со различна намена, прилагодена со проектната програма. Вкупниот број на посетители изнесува 2760 како и 90 посетители од категоријата VIP.
Прилагодувајќи се со мултифункционалното игралиште 942 седишта се предвидени во склоп на телескопското гледалиште кои ги зафаќа првите 5 реда од борилиштето.
Ниво -2: Паркинг и Економски простории (83 паркинг места од вкупни 151)
Ниво -1: Паркинг и Помошни простории за спортистите и спортскиот клуб како Помошна двовисинска сала, теретана, клубски простории (68 паркинг места од вкупни 151)
Ниво Приземје: Главни влезови за посетители, борилиште, фан шоп, соблекувални и попратни содржини за спортистите, прес центар.
Ниво Кат 1: Администрација, подтрибински простор со комерцијални и изложбени содржини.
Кат 2: администрација, Ресторан, простории за новинари и коментатори и зона за VIP
Површини: простории за спортисти/ рекреативци (1.534 м 2 ) , простории за публика(4.025 м2) простории за новинари/ ВИП (1.132 м2) , простории за управа ( 550 м2 )економски простории ( 333 м2 ) , подземно паркирање ( 6.900 м2 ), ресторан ( 580 м2 ), ВКУПНО 14.721 м2
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
2017 / BINA / Амине Адеми / Бекир Адеми / Градски парк / Дорунтина Зендели / Дрен Невзати / Елмедина Хасани / Енес Север / Енис Абовски / Конкурсен труд / Работнички / Спортска сала