IN MEMORIAM Славко Брезоски
06.03.2017 • Информации

Вчера во Скопје почина големиот македонски архитект Славко Брезоски (95 год).
Познат на македонското општество по многу свои остварувања од кои најголем белег оставија Стоковната куќа „Нама“ и Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.
Славко Брезoски е роден во селото Галичник на 10. 06. 1922 година. Дипломирал при Техничката висока школа во Белград, по што се вратил во Македонија каде живее и твори до последниот ден.
Комеморативната седница ќе се одржи во петок 10. 03. 2017 година со почеток во 11:00 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје, а погребот е закажан во сабота 11. 03. 2017 година во 11:30 часот на градските гробишта во Бутел.
Вечна му слава, почивајќи во мир!

Автор на статија: marh