Пропадна конкурсот за избор на идејно решение за „Луна Парк”
29.04.2015 • Информации
На конкурсот пристигнале вкупно 3 труда, од кои 1 во почетокот е дисквалификуван поради предавање по крајот на рокот. Конкурсот пропаднал бидејќи ниту едно од двете, коректно предадени идејни решенија, не ги исполнувало условите и барањата од конкурсната документација.
“Конкурсната комисија, по спроведената евалуација, го поништи конкурсот од причина што ниту еден конкурсен труд не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Град Скопје дополнително ќе донесе одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение, а потоа и за изградба на нов забавен парк”, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски (пренесува дневниот весник „Вест”)
Дискутабилен е недостатокот на конкурсните решенија, кои се целосно одбиени на крајот на рокот за соопштување резултати. Недостаток во конкурсната документација- прилози според конкурсна задача, се утврдуваат веднаш по отварањето на папките што не соодвествува со тајмингот еден месец по предавање.
Автор на статија: marh