Радован Раѓеновиќ / 1940 – 2021

Радован Раѓеновиќ е  роден 1940 г. во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје 1964 г. Постдипломски студии завршил на интернационалната школа “Бауцентрум“-Ротердам, Холандија 1972 г.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

“Алумина“- Скопје – проектантско биро 1965 – 1967 г

Се реализираат проекти за ентериери и занатски, фасадни елементи на деловни објекти, урбана опрема. Од реализираните се издвојуваат :
– Електро – машински факултет – Скопје, фасадна обработка, мебелот за опремата на ентериерот.
– Деловен објект на Енергопроект во Софија (Витоша), фасадните елементи.

“Пелагонијапроект“- Скопје 1968 – 1980 г.

Периодот од 12 години е исполнет со интензивна работа на проекти кои во сериозен обем се реализирани во земјава и во странство – Ирак, Чехословачка, Црна Гора.

“Мавровопроект“- Скопје 1980 – 1992 г

Градежниците и проектантите на ГП Маврово интензивно работеа на просторите на Советскиот Сојуз, Југославија и Либија. Реализација на проекти која со децении се одржуваше. Создаван е углед кој и денес придонесува за активно учество на македонските проектанти на просторите во Русија, Украина, Азарбејџан, Казахстан. “Технометал“ – Москва – оддел Градежници од Македонија (ГП Маврово, ГП Бетон, ГП Гранит, ЕМО) 1992 – 1996 г. Работната група на архитекти и инженери од градежните фирми кординираше и реализираше проекти и градби на објекти на просторите на Советскиот Сојуз во процесот на уговарање, проектирање и изградба во Москва, Нижњи Новгород, Сочи, Запорожје, Рига, Ново Кузњецк, Алма Ата.

“Римако“- Виена, Москва, Скопје – градежништво од 1996 – 2002 г

Во периодот на широката “транзиција“ обединувањето на градежните фирми и во Македонија сериозно го реализираше “Римако“- Виена (ГП Пелагонија, ГП Маврово, ГП Бетон). Работната група архитекти го координира и реализира договарањетопроекти и изградба на објекти во Москва, Доњецк, Тула, Геленџик, Ханти Мансиск.

“Бидимекс“- Лавов, Украина 2007 – 2008 г

Градежна фирма од Лавов ме повика како проектант, ме ангажира во одделот Инженеринг во пдготовка на проекти за Украина. Дел од проектите беа реализирани во Скопје – “Студио Р“.

“Студио Р“- Скопје 2002 г

Актуелната ситуација во проектирањето и градежништвото во земјава ме испровоцира на самостојна работа во проектирањето. Односно во“Студио Р“ со младите проектанти соработувам со желба да се продолжи традицијата и афирмацијата на македонските проектанти.

ПРОЕКТИ И РЕАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ

Станбени објекти :
– Станбена зграда П+4 – Кисела Вода, Скопје – 85 станбени единици
– Станбен објект П+3 во Дебар Маало, Скопје
– Станбен објект П+10 во Лавов, Украина
– Станбен објект П+3 – апартмани во Будва, Црна Гора
– Повеќе индивидуални куќи, вили во Скопје, Маврово, Будва, Солун –Грција.

Vikendica, Mavrovo -Radovan R

Туризам и угостителство
– Туристичка населба “Мрдаја“- Дојран – бунгалови, ресторан, плажни објекти
– Ауто камп – Љубаниште, Охридско езеро
– Хотел “Скопје“- Мавросвко езеро
– Хотел “Еуротел“- Струга
– Хотелски комплекс “Запољарије“- Сочи, Русија

Eurotel Struga 1-Radovan R

Eurotel Struga 2-Radovan R

Hotel Elektro Skopje -Radovan R

KOmpleks Zapoljarje Soci- Radovan R

Спортски објекти
– Олимписки пливачки центар – Скопје
– Ски центар Маврово – жичарница

Olimpiski bazen - Radovan R

Olimpiski bazen 2 - Radovan R

Деловни објекти
– Административна зграда “Југобанка Пелагонија“- Струмица
– Спортска медицина – Пелагонија – Скопје
– Деловен објект – Москва
– Деловен, повеќенаменски објект “Будимекс“ – Лавов, Украина
– Деловен објект “КМК“- Ново Кузњецк, Русија
– Регионален архив – Москва, реконструкција на објект изграден во XVIII век
– Деловен, сообраќаен центар – Рамади, Ирак

Sport Plaza- Radovan R

Administrativna zgrada Strumica- Radovan R

Miraks Moskva - Radovan R

Индустриски објекти
– Авто база на ЈП Градски сообраќај – Ѓорче Петров, Скопје
– Нова фабрика за масло “Благој Горев“- Велес

Меморијални објекти
– Споменик – 30 години од формирање на големите македонски партизански одреди – Митрашинци
– Спомен чешма, фонтана – Мавровски партизански одред – Маврово
– Меморијален комплекс “Слобода“- Кочани

Споменик – Партизански одреди – Митрашинци- Radovan R

Меморијален комплекс “Слобода“- Кочани3 Radovan R

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Повеќе нереализирани проекти во Македонија, Србија, Русија, Украина, Чешка, Црна Гора како на пример :
– Хотел во Дојран
– Туристичка населба во Будва
– Деловен објект во Москва
– Деловен објект – банка во Лавов, Украина
– Деловен објект – Прага, Чешка

Deloven Objekt Budimeks -Lavov Ukraina- Radovan R

КОНКУРСИ

Југословенски конкурси

– Меморијален комплекс “Слобода“- Кочани – I награда
Пред 30 години угледниот архитект Богдан Богдановиќ за Меморијалниот комплекс во Кочани вели: “Во време кога во Европа и во Југославија се сметало дека се е кажано на темата монументални споменици во Кочани се покажани нови иницијации кои монументалното творештво го врзуваат за антиката, пред антиката и за нашата современост и во него препознаваат не само сегашност туку и иднина. Мајсторе сега си протомајстор.“ Познатиот уметнички критичар Стеван Станиќ во одделот “Автори и дела“ (НИН – Белград 13.12.1981 г.) во сериозната презентација за реализираниот комплекс во Кочани напишал : “Со купола од право небо. Во далекото Кочани на брдото Лакобија е дело со ретка вредност – храм на слободата……ова некому е како оддишка од укоченоста на современата архитектура. Одеднаш пред него е можноста да полета во поетиката на просторот, бидејќи и кај него одамна преовладува чувството на архитектурата како оној празен “лаоцеовски“ простор. Сега наеднаш може да се оствари идеалот. Сликарството и скулптурата да не бидат окована лушпа на архитектурата, ниту апликација, туку заеднички да се зачнуваат, и почетна идеа заедно да растат и хармонизираат. По некој закони и чувства на музиката, а помалку по она што би го нарекле синтеза на сите уметности.“

Меморијален комплекс “Слобода“- Кочани1 Radovan R

Меморијален комплекс “Слобода“- Кочани2 Radovan R

– Деловен објект “Радоје Дакиќ“- Подгорица – откуп

Македонски конкурси
– Деловен објект Сојуз на борци на РМ – Скопје – III награда
– Спортски сали – Скопје – откуп
– Деловен објект ГП Пелагонија – Скопје – откуп
– Хотел во Скопје (Ново маало) – откуп
– Градска куќа Скопје – Плоштад Македонија – откуп
– Деловен објект “Мавровка“- откуп

Konkurs Gradska Kukja Skopje- Radovan R

ПРИЗНАНИЈА
Повелба на почесен граѓанин на Кочани
“Грамата“ (Повелба) на град Запорожје, Украина за творечко присуство во областа Запорожје

БИМАС:
– Диплома за реализирани објекти во 1981 – 1982
– Диплома за труд од областа урбанизам, проектирање, ентериер и дизајн 1985 г.
– Диплома за афирмација на македонската архитектура во странство 1985

ОПШТЕСТВЕНО ПРОФЕСИОНАЛНИ ФУНКЦИИ, АКТИВНОСТИ
– Во два мандата член на Претседателство на Сојуз на архитекти на Македонија 1978 – 1986 г.
– Член на комисија за реорганизација на Сојуз на архитекти на Југославија 1984г.
– Член на Сојузно жири на Конкурсот за проектирање објект Дом на култура во Сремска Митровица
– Член на жири за Конкурс на проектот за изградба на населба Визбегово, Скопје
– Соработка со Македонска телевизија и Вардар филм во реализација на прилози и емисии за афирмација на архитектонското творештво
– Соработка со Заводот за заштита на културното наследство на РМ и Катедрата за историја на архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје (проф. С. Томовски) – проектна документација на постоечки објекти во Крушево, Гари, Тресонче и Лазарополе

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕАЛИЗИРАНОТО ВО ПРОФЕСИОНАЛНАТА ДЕЈНОСТ ВО АРХИТЕКТОНСКА ЛИТЕРАТУРА
– “Интерах“- Биенале на светска архитектура – Софија, Бугарија 1985 г.
– “Архитектура комплекса одиха“ – Москва, Русија 1988 г.
– “55 истакнутих архитеката Југославије“ Ивица Млаѓеновиќ, Белград,Србија 1990 г. ќе напише: “Раѓеновиќ е архитект кој на исклучително вешт начин го истражува односот кој се создава од геометриските облици и архитектонските форми во позадина. Ќе биде заинтересиран на своите облици да им даде драматична подвижност. Во процесот на светлоста едноставно ќе го одбутне оформениот сублимат – продукт на архитектоничната флуидност и материјализината цврстина. Нема повеќе да го возбудува новосоздадениот однос, бидејќи веќе е уверен дека тоа не е толку битно кога во основа е добар програм. Негов, наш, заеднички! Тука сме, значи : Раѓеновиќ е архитект кој со нас го исцртува обликот, како извор на архитектонската инспирација.“