Рехабилитација на скијачки центар Ле Менуир / Трајковски

Година: 2016

Конкурсен труд

Автор: Стефан Трајковски

Локациja: скијачки центар Ле Менуир, Три Долини, Француски Алпи

Ослободена од било каква симболика, новопредложената зграда на некој начин влече корени од постоечкиот објект Кроасет задржувајќи го просторот за скијање и своевидна исклучиво пешачко-скијачка зона како главно собиралиште во селцето.

Situacija

Околу оваа зона се нанижани главните функции и простории на приземјето и другите катови, кои се стратешки искривени во основа со цел еднакво да се фокусираат кон центарот на зоната (локално наречена писта), а од другата страна да се отвораат кон убавата долина и планинскиот масив отспротива.

Model

Главниот колски пристап е подземен, правејќи го приземјето исклучиво пешачко-скијачка зона, овозможувајќи и на “пистата” да се прошири позади границите на објектот и функционално да се втопи со другите скијачки падини кои се наоѓаат под нивото на зоната за рехабилитација.

Model

Приземјето е програмски микс од трговски локали, локали за угостителство и забава, лобиа за хотелот и станбеното домување и ургентен центар. Комплементарното мини-кино и изложбениот коридор се втопуваат си пистата заедно со редефинираните терени за кошарка, тенис и мини голф. Редефинираниот спортски центар на северната страна и вториот хотел на западната страна од падината ја дополнуваат идејата за тоа како Ле Менуир би можел да се развива во иднина.

 

Ф.К

Автор на статија: