„Свето Срце Исусово“ – Католичка катедрала, Скопје
12.03.2016 • Фотографија
Деновиве, тимот на Марх, повторно ја посети Католичката Катедрала во Скопје. Случајната посета, резултираше со фотогалерија на објектот, проектиран 1973 година, дело на Благоја Мицевски и Славко Ѓуриќ . Овој објект често се врзува со нејзиниот очигледен репер, токиската црква „Св.Богородица“, дело на добро нам познатиот Кензо Танге, изградена 1964 година.
Покрај нејзината силуета, која е навистина впечатлива, за македонската архитектонска сцена е навистина реткост да видите сочуван оригинален ентериер од тие години во одлична состојба. Во оригиналната форма се клупите ( под кои имате радијатор за во зимските денови), столаријата, прекрасниот полиелеј, хармоника вратите кој го делат главниот брод од придружните капели и помошни простории, подот итн.
Неодамна во Македонија пристигнаа и првите вистински оргули кои се совршено вклопени во ентериерот и просторот. Да не должиме премногу, погледнете ја оваа галерија и уверете се во ентериерната посебност, причина повеќе да го посетете овој прекрасен објект:
Фотографиja: Борис Јурмовски
Ф.К
Автор на статија: marh