Св. „Кирил и Методиј“ Струмица

Автор: непознат

Година: Долна црква 1750 / Горна црква 1905

Локација: ул. Кирил и Методиј , Струмица

Извор: Wikipedia ( текст )

Фотографии: Wikipedia (Van100j ), macedonia.for91days.com , Google Maps

Иконостас: Нестор Алексиев 1935 година

Фрески: Григориј Пецанов од Струмица, Гаврил Атанасов од Берово и Д.А. Папрадишки

>>>

Долна црква

Изградбата на првата црква започнала во 1750 година во времето на епископот Пасиј, а истата била завршена во 1760 година. Олтарот или т.н. долен олтар од денешната црква е подрумски и е посветен Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Во долната црква иконостасот е изработен од дабово дрво и овде се наоѓаат дел од моштите на Свети Василиј Велики и Свети Теофан Начертани. Овде се наоѓа и гробот на егзархискиот митрополит Герасим кој бил иницијатор за изградба на горната црква.

Горна црква

Во почетокот на 20 век во градот Струмица постоеле две цркви и тоа Црква „Св. Константин и Елена“ и Црква „Св. Димитриј“ кои припаѓале на патријаршијата во Цариград односно на Струмичката грчка митрополија. Од своја страна, долго време на Бугарската егзархија не ѝ било дозволувано да изгради свој храм во градот. Егзархиската струмичка општина успеала да издејствува султански ферман за изградба на своја црква кон 1905 година.

Во времето на бугарскиот егзархиски митрополит Герасим започнала изградбата на нова црква, посветена на браќата Свети Кирил и Медодиј. За изградбата на црквата биле донирани средства од руските мисионери од манастирот Свети Пантелејмон на Света Гора кој е руски манастир. Изградбата на оваа црква започнала во 1905 година, а била завршена во 1911 година.

Иконостасот во овој дел е изработен од липа од страна на мајсторот на дебарската школа Нестор Алексиев во 1935 година. Иконописот го изработиле зографите Григориј Пецанов од Струмица, Гаврил Атанасов од Берово и Д.А. Папрадишки, а имало и други анонимни автори.

Во оваа црква според отецот Ѓорѓи Митрев се наоѓаат икони од црквата „Св. Константин и Елена“ која денеска не постои.

Архитектурата на црквата е под влијание на еклектичните стилови (неоготиката, романтизмот, неоренесансата..)