Семејна куќа – Фузија / Даниела Хаџиќ

>Награда за проект од областа на архитектурата – Бимас 2016 <<<

Локација: 4 ти Јули 121/А општина Ѓорче Петров – Скопје

Автор: Даниела Хаџиќ

Година на проектирање: 2013

Година на изведба: 2014

Инвеститор: семејство Хаџиќ

Изведувач: Дана Андо Студио

Постојат многу битки што треба да се победат, и многу граници во кои треба да се сместиме со цел да се подобри квалитетот на изградената средина и просторот за живеење.

Креативниот процес за создавање на сопствен дом е фузија од емоционални аспекти , како желбите и потребите на семејството, и материјалните аспекти , кои можат да бидат законски ограничувања ,просторни и структурални аспекти, буџетот и ресурситете кои се на располагање.

1

Но и покрај ограничувањата – креативниот процес се филтрира во своите  скромни димензионални и материјални рамки како израз на сопствената визија за современата  архитектонска вредност и хуман простор за домување.

Централниот концепт на семејната куќа – Фузија се заснова на дизајнот на  клучните просторни елементи околу кои вертикално и хоризонтално се поставени просториите за живеење.

Просторни елементи:

А. скалишно јадро

Б. мултифункционален ѕид

В. атриум (стаклени платформи)

2

Скалишното јадро е волумен кој ги поврзува сите катни нивоа и покрај основната функција служи и како микро климатски простор кој нуди самоодржување на климатската енергија.

Мултифункционалниот ѕид е транспарентна површина преку која се овозможува визуелна и звучна комуникација помеѓу катните нивоа и има функција на повеќенаменска полица со поглед од 11 м височина. Со користење на перфорираните отвори во него се овозможува регулирана климатизација на сите простории  кои ротираат околу централното скалишно јадро.

Атриум (стаклени платформи) се отвори во плочите кои ја овозможуваат визуелната комуникација помеѓу сите нивоа и од секој кат се доживува просторот во длабочина и височина која нуди поглед во небото , со што се користи и дифузна светлина која го осветлува скалишниот волумен и ги користи благодетите на сончевата енергија.

3

– Локацијата на која е изградена семујната куќа – Фузија, се наоѓа на улицата 4 ти Јули 121/А општина Ѓорче Петров – Скопје

– Површината на целата градежна парцела изнесува 133 м2, во која е поставена семјената куќа со бруто површина за градба 64 м2, и вкупна развиена површина од 205 m2. Висината на венецот изнесува 9,90 м, а вкупната катност е По+Пр+Пк+Ктер.

– Ориентацијата е северо – јужна, а од страните се граничи со калакани.

Пристапот до парцелата е овозможен од север , од улицата, 4 ти Јули 121/А каде е решено паркирањето за 2 возила во предниот двор.

– Решението во себе  содржи повеќе просторни и временски рамки како сценарија , кои се приложени во техничкиот опис и графичките прилози.

– Подрумот се наоѓа на ниво -1.60м и има посебен влез.Служи како работен простор за потребите на сопствениците и има врска со дворот кој се наоѓа од задната (јужна) страна на објектот.Под надворешните скали е сместен тоалет,а под внатрешните скали чајна кујна.Со поставувањето на подвижни преградни ѕидови се овозможуваат повеќе сценарија за користење на просторот:

1. едната половина се користи како музичко студио за македонскиот алтернативен бенд МУГЕР ФУГЕР, 2. втората половина како архитектонско студио „ДАНА АНДО“ , додека 3.централниот дел е заеднички.

ОСНОВИ подрум и приземје

– Приземјето се наоѓа на ниво +1.20м и до него се пристапува со влезни надворешни скали.На приземното ниво е предвиден влез со скалишно јадро кои се затворени со стаклени шибер врати , бањата и кујната се во сервисниот дел кој е ориентиран према север, а дневна со трпезарија имаат поглед кон атриумот кој овозможува визуелна комуникација со горното и долното ниво,преку малата тераса има комуникација со задниот двор на јужна страна.

– Катот се наоѓа на ниво +4.20м и пеку скалишното јадро се влегува во предпростор со бања, кој води од 2 страни до родителска спална и од една до детските соби.Поради подобра искористеност на просторот околу атриумот, и комуникација со сите нивоа , детските соби имаат две кориснички сценарија.Првото е користење на целиот простор. Второто е создавање на интимност на корисниците предвидена со користење на лесни преградни ѕидови,кои се затвараат кога има потреба од сепарација на просторот како две посебни детски соби и оформување на ходник.

ОСНОВИ кат и кровна тераса

– Кровната тераса е на ниво +7.00 и на неа е предвидено саксиско зеленило,кое ке биде како филтер за воздухот, кој се внесува преку атриумот, кој завршува на последното ниво.Покривањето е решено со примарни челични носачи и секундарни дрвени даски ,кои се проткајани со зеленило и покриени со стакло.Во летната сезона се користати платнени церади за да се регулира топлината.Погледот од кровната тераса е највпечатливата визура која ја нуди објектот.

ПРЕСЕЦИ 1-1 И 2-2

– Фасадното обликување е одраз на внатрешната содржина преку  користење на  современите градежни материјали

– Бетонот, ја изразува масивната централна композиција на објектот.

4

– Пластифициран лим покрај покривањето на косите кровните површини продолжува и во формирање на закосени странични фасадни делови на приземје, кои ја формираат динамиката на фасадата и ја олеснуваат бетонската масивност.

– Дрвена обработка – даски на челична конструкција , кои ја нагласуваат централната стуктура на објектот, преминуваат како носива конструкција за стаклената настрешница на кровната тераса и се користат и како заштитни брисолеи на фасадата кои се отвараат на деловите каде што има прозори.

– Зеленилото е фузијата со природата за создавање на пријатна клима  кое се проткајува на дрвената структура ,се појавува на оградите со соседните објекти и на кровната градина.

5

Извор: авторот на објектот

 

Ф.К

 

 

Автор на статија: