Изгледот на новите факултети на Жарко Чаушевски

Вeчерва, на социјалната мрежа facebook се појавија изгледи од фасадите на новите факултети во кругот на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”  во Скопје.  На конкурсот учевствуваа повеќе докажани скопски студија, кои не успеаја да се изборат за победа на овој контроверзен конкурс, на кој се променија правилата откако заврши рокот за предавање без позната комисија и сл. недоследности карактеристични за делувањата во центарот на Скопје. Како можат овие два објекти да се замислат во комплексот на Марко Мушиќ е тажно прашање на „инаетот” на властите кои по секоја цена сакаат да го деградираат постземјотресното Скопје.  Како воопшто авторот ги гледа овие објекти еден до друг, без заедничка мисла? Дали овој автор е „безкомпромисно талентиран” и „вонвременски гениј”, што успеа да победи на повеќе конкурси од Заха Хадид, а очигледно и да реализира повеќе дела од познатиот светски архитект? Недолично однесување кон заедничкиот простор, историскиот континуитет на градот, однесувајќи се како да градиме на празна ливада врз која експериментираме имитации на други времиња. Постои ли морал и етика кај тимот, кој е прозван од целата фела? Каде ли се учи таа отпорност и игнорирање на целиот домашен и меѓународен професионален свет, во полето на архитектурата и урбанизмот? Ударот врз утробата на Скопје не застанува, безкултурното и самобендисаното делување на „тимот кој победува” продолжува со истото темпо.

 

11295941_10204301021830162_8854041918742064931_n

 

Автор на статија: