Станбени блокови Тип А -11 Октомври-згради / Пелагонија 1964
19.08.2015 • ХХ век / II половина
Фирма: Пелагонија
Година: 1964 год.
Локација: општина Кисела Вода
По катастрофалниот земјотрес во 1963, се почнало со голема изградба на станбени единици, во кои било вклучено моќното градежно претпријатие Пелагонија. Денес ви ги претставуваме „црните згради„ од населбата 11 Октомври-згради, кои претставуваат специфични станбени решенија, кај кои се истакнува обликувањето со долги балкони по целата хоризонтала, проодната тераса за заеднички потреби на граѓаните и должината на објектот. Организирани се со подземно гаражирање на -1, имаат приземје и + 7 ката (неброејќи ја заедничката тераса).
Убавото во овие објекти е тоа што повеќето од станбените единици имаат природно осветлување од двете страни на објектот, кон северзапад и кон југоисток, пријатни долги тераси и разумен распоред.
Денес, квалитетот на живеењето во овие објекти е видно нарушен, со неразумните надоградувања и губење на заедничкиот простор, непратењето на архитектонското обликување и ред други незамисливи урбанистички дозволи менаџирани од општината.
Автор на статија: marh