Станбени кули ГТЦ / Серафимовски 1952

Локација: Кеј 13-ти Ноември

Автор: Александар Серафимовски

Година на проектирање: 1952

Изведба: 1959

Извор: 100 години модерна/ Михаил Токарев, Архив на град Скопје, фотографии: македонски блогови итн.

Q9JpMtsАнсамблот од пет станбени кули со деловни простории (1959) е дело на архитект Александар Серафимовски (1923- 2001) кој е еден од првите македонски архитекти кои се зафаќа со проектирање на станбени кули кои стануваат составен дел од силуетата на централното градско подрачје на Скопје. Прв негов објект со висока катност е Станбената кула кај подвозникот (1956) , за во 1959 да следи Ансанблот од пет санбени кули кај кејот на реката Вардар, проследен со сличен ансамбл на ул. 11 Октомври во 1960. Наклонетоста на Серафимовски кон проектирање високи објекти се потврдува и во периодот кој следи кога во Скопје ги подига: Управната зграда на Алкалоид (1974), Кулите во состав на Градскиот ѕид (1975) и Ансанмблот од неколку станбени кули во Расадник (1980).

1Ансанблот претставува цврста архитектонска компоциција која е составена од пет вертикали со станбена содржина и една издолжена хоризонтала на две новоа во која се сместени административно –деловните содржини .

2Во проектирањето на станбените катови Серафимовски поставува неколку оски на симетрија и јасна геометрија во однос на распоредување на содржините. Карактеристика по која се препознатливи овие кули се долгите тераси, кои имаат визури кон течението на реката Вардар и источниот дел на Скопје од едната страна, и кон паркот Жена-Борец заедно со Водно на другата страна.

3Кулите се П+8, на секој кат има по три двособни станови и еден трособен, кои се аголно поставени а комуникационото јадро е централно поставено во чиј склоп се поставени заедничките тераси. Кулите во првите години биле поврзани со улица паралелна на реката Вардар која почнувала од олимпискиот базен и водела до самиот плоштад со мали пристапни улици до самите влезови.

4

Потоа се распишува конкурс за изградба на трговски центар и едно од барањата на конкурсот било новопроектираното решение да не се наметнува на веќе изградениот ансамбл.

5

Идејното решение на Живко Поповски целосно ги инкорпорира објектите на ансамблот што многумина мислат дека објектите се дел од еден проект. Начинот на кој е проектиран ГТЦ овозможува осветленост на влезовите на кулите и непречен пристап кон истите.

6Ансамблот од пет станбени кули заедно со Градскиот Трговски Центар претставува едно од главните обележја на модерно Скопје.

7Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

 

 

Автор на статија: