Станбени кули К1 и К2 – Капиштец Скопје / 1980-88
11.02.2015 • ХХ век / II половина

Институт за студии и проектирање на РГО „Бетон” – Скопје
станбени кули К1 и К2 – Капиштец Скопје
автори: Олга Папеш, Лилјана Ристевска
година на проектирање: 1980
година на изведба: 1982-1988
изведувач: ООЗТ/ градилиште на РГО „Бетон”- Скопје
Во непосредна близина на улицата „Иво Лола Рибар ( меѓу фабриките „Алумина” и „Треска”) изведена е групација од четири станбени кули облагороден со зеленило, клупи, нишалки за игри за децата, одмор и сл. Во приземјето на објектите се сместени повеќе локали. Гаражирањето, како и двонаменското засолниште се решени подземно, во средишниот дел, меѓу клупите.
Таванските станови се решени на две нивоа, што даде обликовна можност инаку мирните фасади да добијат дефиниран, изразен завршеток

Автор на статија: marh