Студентски дом – Берлин / Валбона и Догазанска
24.06.2016 • Студентски проекти

Архитектонско студио 8/1
Автори: Фејза Валбона и Бранкица Догазанска
Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, Доц. д-р Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски и Гордан Петров
Локација: Берлин, кеј на реката Шпрее
Година: 2016
Објектите со нивниот атриумски облик, големина и висина се вклопуваат во околината, а воедно се разликуваат по нивната правилност и слободно приземје со што се добива зелен простор за станарите и за поблиската околина. Водниот канал кој се наоѓа во едната страна од локацијата, е со цел да направи дистинкција и прекин со калканскиот ѕид и муралите од соседните објекти и да служи како пристаниште.
Студентите самите би придонесле во нивното здравје и свест со самото одгледување и оддржување на зеленилото, би управувале со јавните содржини и самите би ја исцртувале, боеле фасадата и внатрешниот простор со цел тој да стане нивен дом од кој би имале добри сеќавања со нивните нови семејства.
Во секој од објектите се наоѓаат тераси/градини како собирни места на станарите каде би го изнесле животот во надворешноста.
Во подземното ниво се наоѓаат повеќето заеднички содржини и социјални простори кои можат да ги користат и околните жители.
Објектите меѓусебно се поврзани со мост во прв кат и пешачка патека во подземно ниво.
Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Автор на статија: Ноеми Чаусидис