Комплекс „Технички факултет“ / Студентски проекти од 50тите години на XX век

Автори: Драгана Плачкова, Димче Ванов / VII семестар

Година:  веројатно 50тите години на ХХ век ( пред 1957 година)

Извор: „Урбанизам “ – Бранко Максимович / издадена 1957 година

 

Во споменатото издание,  кое се користело во образовниот систем во Југославија, напишано на српско-хрватски јазик, наидовме на повеќе работи врзани со Македонија.  Покрај македонската народна архитектура, Скопје се појавува во повеќе наврати. Интересното е тоа што се работи за градот пред земјотресот, кога не постои планот на Танге, а сепак Скопје привлекувало внимание како урбана структура.

Меѓудругото на крајот на изданието се приложени и неколку студентски трудови, од факултетите во Белград, Загреб и Скопје.

 

Сателитска снимка – Архитектонски факултет 2019

Темата на македонските студенти е Техничкиот факултет и неговата околина, т.е објектот во кој денес се сместени Архитектонскиот и Градежниот факултет.

 

Драгана Плачкова / ситуација со околина

 

Забележлива е тенденцијата на модерниот град, кој не се грижи премногу за контекстот на постоечката состојба на околината, или она што го препознаваме како Дебар маало и Буњаковец.   Тоа е неколебливата мисла и на Корбизје со поствоениот план за обнова на Париз.

 

Димче Ванов/ макета и поглед од „Паризанска““

 

За споредба со денешната реална ситуација, тоа е единствениот простор каде сеуште опстојуваат примери од скопската еклектика, модернизмот и постмодернизмот, единствен амбиент со сочувани живи сведоци на  претземјотресното Скопје.

Сепак,  тоа го носело духот на времето,  додека студентските проекти секогаш се ослободени од ограничувања, имаат истражувачки карактер, зависно од менторската насока а со тоа и исполнување на целта на задачата.

Просторот во приложените студентски проекти изобилува со јавен простор, зеленило,  растеретеност, проветрување, соодветно осончување.

 

Димче Ванов/ ситуација со околина

 

Во прилогот, не се обелоденети повеќе работи од она што е во објавата, како би можеле подетално да анализираме и воочуваме. Она што е очигледно е местото на факултетот како простор околу кој се случува град, негово инкомпорирање во поголеми структури ( најверојатно со сродни функции).

Педесетите години се периодот кога се прекројувале градските центри во Македонија, во чии интервенции се исчезнати делови од старите градски јадра.  Во контекст на потребите на тогашното делување, очигледно се работени и овие студентски проекти 😉