Ст. блок Б3 Стар Аеродром / 1988-93
23.09.2015 • ХХ век / II половина

Автори: Данаил Јанчулев, Параскева Гребенароска, Емилија Јовановска Зафировска
Локација: Стар Аеродром, Скопје
Проектирање и изведба: Бетон
Инвеститор: Воена пошта
Година на проектирање: 1988
Година на изведба: 1992-1993
Извор: Бимас 93
Станбениот блок Б3 е лоциран во населбата „Стар аеродром”-Скопје, по должина на новопроектираниот булевар „Јане Сандански”. Објектот се состои од шест ламели со катност од П+6+ПК, П+П+Пк до П+8+Пл.
Во приземјето се предвидени локали и два пешачки пасажа како врска меѓу булеварот и централниот дел на локацијата. На катовите се проектирани станови со различна структура од еднособни до трииполсобни со желба да ја продолжуваат и усовршуваат идејата за хуманизиран начин на живеење.

Автор на статија: marh