Терминална контрола на летање – Скопје / Дубровска, Ивановски
02.10.2016 • ХХ век / II половина
Идеен проект / Прва награда на повикан конкурс
Автори: Лилјана Дубровска, Зоран Ивановски
Соработници: Екатерина Божиновска, Снежана Златановска, Лидија Ивановска, Павлина Кондова
Година на проектирање: 1986/ 87
Инвеститор: СУКЛ – Белград
Изведувач: ГРО “Маврово’ ООЗТ „Високоградба“ – Скопје
Извор: Бимас ’87
Објектот на терминална контрола на летањето претставува интегрален склоп на повќе функции што меѓусебно технички и технолошки се поврзани.
Тој е своевиден електронски телекомуникационен центар со елементи за размена на податоци и за вршење на сите оперативни дејности на аеродромската контрола на летањето, на природата, односно терминална контрола на летањето.
Покрај ФИО- то, како посебна функционална целина, која ги реализира своите потреби, метео-службата и диспечерскиот оддел, во приземјето се сместени техничката сала со електроработилница, универзалната сала и административниот блок со сите придружни функции.
Во контролната кула се сместени оперативната аеродромска контрола, природната контрола на летањето, просторот за одмор на контролорите, а во куполата аеродромската контрола на летањето.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski