Томаш Малковски – „Трите тигри и брутал“ предавање на АФС

На Архитектонскиот Факултет во Скопје се одржа уште едно предавање за полската архитектура, овој пат од Томаш Малковски, младиот архитектонски критичар од оваа земја, при што тема на неговото предавање беше брутализмот и тоа преку делата на полското архитектонско биро на „Трите Тигри“.

4

3

Настанот започна со краткиот вовед на деканот на АФС проф. Минас Балакчев, посветен на Музејот за Современа уметност во Скопје – нашиот претставник од творештвото на ова архитектонско биро. Објектот претставува значаен дел од обновата на Скопје по земјотресот, симбол на солидарноста при изградбата на градот, како и еден од најзначајните примери од модерната архитектура во Македонија.

7

Следуваше и официјалното отварање на изложбата „Тигрите во Скопје“ поставена во холот на АФС реализирано на претставници од Полската Амбасада во Скопје.

12

11

Малковски предавањето го започна со вовед за брутализмот, кој претставува лесен и јасен одоговор на растечките потреби за станбени објекти, а преку изложувањето на рапавата бетонско конструкција создава искрени структури. Стилот започнува од слободно стоечките бетонски објекти на Корбизје, а својот врв го достигнува во делата на Алисон и Питер Смитсон во Англија, како и со примери низ многу источни земји како Грузија, Словачка, Полска и Југославија. При тоа тој особено го издвои Скопје како центар на брутализмот. Подоцна овој стил изчезнува под влијанијата на мазните, скапи деловни објекти, кои со својата симболика на конзумеризмост јасно се разликуваат од дотогашните скромни функционајлни бруто структури.

5

„Трите Тигри“ се архитектонско биро основано од Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki уште во 1936год. во Варшава. Во наредните години тие учествуваат на 50-ина конкурси, од кои победуваат на 18, меѓу кои се вбројува и решението за Музејот на Современа Уметност во Скопје.

Набргу по земјотресот се распишува затворен конкурс на кој победува идејното решение на полското трио кое се карактеризира со едноставност и јасност на формите, максимално искористување на квалитетите на локацијата, како и одличното решение за изложување на уметничките колекции.

Покрај примерот во Скопје, Малковски ги издвојува и објектите на Филхармонијата во Жежов, Музејот на Театрите во Закопанe и познатата Железничка Станица во Катовице. Како еден од организаторите позади движењето за зачувување на бруталистичкиот симбол во Катовице, предавачот не запозна со вредностите на овој објект како од структурален и архитектонски карактер, така и од општествено значење како симбол за градот.

2

Иако наведеното движење ја разбуди меѓу граѓаните свеста за значењето на овој обејкт, тие не успеаа да го спречат неговото уривање во 2011-тата. Во овој последен дел Малковски го ориентираше своето предавањето кон сите вакви разочарувачки примери за победата на конзумеричкото општество над архотектонските симболи на брутализмот, како што се црквата во Вашингтон на архитектот И. М. Пеи, централната библиотека во Бирмингем, автобуската станица во Норт Хамптон, и обејктот на Robin Hood Gardens на Смитсонови во Лондон. Истиот проблем се забележува и во Скопје каде значајните бруталистички примери се препуштени на распаѓање или преоблекување во ново „барокно руво“.

На крајот, Малковски го заврши предавањето со пораката за препознавање на брутализмот како дел од лицето на нашиот град и со надеж дека идните генерации на архитекти ќе го проектираат овој град со љубов и почит кон овој стил како органски дел од него.

Изложбата „Тигрите во Скопје“ може да ја посетите во холот пред армфитатарот на Архитектонскиот Факултет во Скопје.

 

Материјалот го приложи и истражи: Ноеми Чаусидис

Автор на статија: