Трансформација на индустриски локации / Крстевска и Ангеловска

Студентски проект-интегрирани студии

Проект: Просторно програмска трансформација на напуштени или недоволно искористени индустриски локации

Локација: Тутунски комбинат, Скопје

Автори/Студенти : Моника Крстевска, Костандина Ангеловска

Педагошки тим : доц. д-р. Горан Мицковски, доц. д-р. Александар Радевски, доц. д-р. Јован Ивановски

Година : 2015/2016

ModelОд кабинетот за проектирање на индустриски и стопански објекти, овегодинешната тема на интегративното студио се базираше на еден актуелен пристап во кои се вкоренети историското и духовното значење на постоечки индустриски локации, а тоа е процесот на  нивна трансформација и адаптација како клучен фактор за конзервација и редуцирање на урбаното ширење.

Оваа тема опфати две локации во Скопје, локацијата на фабриката „Империал Тобако“ и „Сивус“ (поранешен Тутунски комбинат ) и локацијата на фабриката Треска.

Model

Model

Model

Главна цел на проектот беше да се задржат дел од постојните објекти чие историско значење го вреднуваме (објектите на Тутунскиот комбинат и Сивус, трафостаницата и Заводот за здравство), да се оформи блокот , границите и врските (циркулацијата на сообраќај низ непречено кружење околу локацијата), истата да стане лесно пристапна и отворена кон околината ( внатрешни улици, пристапни патеки ) и да се внесат нови програми кои ќе кореспонираат на околните блокови со пренамена на дел од објектите и додавање на нови градби ( домување, лесна индустрија, општествени и деловни зони, јавни површини, спорт и зеленило ).

 

Model

Решението произлезе со преклопување на два клучни правци – ориентација на објектите на Тутунскиот комбинат ( стара матрица ) и ориентацијата на станбените објекти во околината ( нова матрица ). Објектите на Тутунскиот комбинат се врамуваат со патека и платформа која ги зема правците на новата матрица и претходно затвореното јадро се трансформира во локален центар. За воспоставување на поцврсти врски со околината и градот – патеката и платформата се премостуваат кон околните блокови. По линијата на платформите, на две места се појавуваат облакодери со кои локацијата добива силен карактер и кои во приземјето и катот имаат општствени и деловни функции, а на катовите домување.

Платформата и патеката се широки 6м, чија ширина се дели на 3 ленти по 2м, и на секоја од лентите се врши сепарација на полиња, каде на секое поле се појавуваат различни распределби на програмски случувања

Model

Во еден дел патеката продира низ објектите на Тутунскиот комбинат и во тие простории се појавуваат мали едукативни единици, креативни работилници и комерцијални дејности. Со овој пристап се намалува границата на индустриските и јавните содржини и секој посетител може да “ѕирне” во внатрешниот двор и во процесот на работа.

Model

Model

Покрај платформите се појавуваат и облакодери кои на нивото на платформата воспоставуваат врски кои наликуваат на проширувања и збогатувања на програмите во форма на мини-трговски центри.

Model

Model

Еден од објектите на Тутунскиот комбинат кој има историско значење со историско значење доби функција на повеќенаменски центар во кои се појавуваат програми како, донаторска галерија, музеј на Евреите, кафе-бар и ресторан, истражувачки центар и центар за толеранција, библиотека, луксузни апартмани и администрација.

Model

Model

 

А

Б

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

 

Автор на статија: