Трајко Димитров 1930 / 2023
25.07.2015 • Автори
Извор: ААМ
Трајко Димитров, роден на 08.08.1930г. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949г., а дипломирал во 1956г.
По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во „Македонијапроект” и тука останал се до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.
Награди и признанија
-1966 Борбина плакета, за пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
-1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп,
-1981 Голема награда на Бимас, за Универзалната спортска сала во Куманово
Позначајни реализирани дела
-1958 Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје,
-1962 Станбениот блок ( П+5+По) на аголот на улиците „Ленинова” и „Орце Николов” во Скопје
-1966 Пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
-1968 Природнонаучен музеј во Скопје,
– 1970 Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје, ( со арх. Ж. Гелевски)
– 1973 Универзалната спортска сала на Тутунски комбинат во Прилеп,
-1973 Основно училиште „Гоце Делчев” во Кавадарци,
-1978 Покриениот пливачки базен „Младост” во Скопје
-1979 Универзалната спортска сала во Куманово ( со арх. Ж. Гелевски)
-1986 Административно-деловниот комплекс „Палома Бјанка” во Скопје
Автор на статија: marh